ТРАДИЦИОНАЛНИ ЈАДЕЊА-ПРИЛЕП
ТРАДИЦИОНАЛНИ ЈАДЕЊА -ПРИЛЕП- ШИРДЕН Ширденот е надалеку познат прилепски специјалитет со јагнешко, телешко и свинско месо. Ширдените во прилепските ресторани се подготвуваат на специјален начин. Трите видови на месо се сечат на ситни коцки и се запржуваат со кромид и зачини. Наполнетите ширдени се редат во земјена тава и се печат додека не поруменат. Овај специјалитет се служи исклучиво топло и тазе. Гости од сите краишта доаѓаат да го пробаат прилепскиот ширден. ТАВЧЕ-ГРАВЧЕ Традиционалнo јадење и се подготвува на посебен начин. Се печи во земјена тава во рерна, а специјален вкус му дава сувата црвена пиперка. Ваквото посно јадење често се наоѓа на менито на секоја домашна трпеза. СВЕТИНИКОЛСКИ САРМИ Светиниколски сарми, ситни, колку едно нокте, се традиционално јадење, кое во Прилеп се подготвува за верскиот празник Свети Никола. Прилепските сармички се прават од листови кисела зелка, домашна зимница, во кои се става претходно подготвена смеса од...