Postovi

Prikazuju se postovi od travanj, 2018

ТРАДИЦИОНАЛНИ ЈАДЕЊА-ПРИЛЕП

Slika
ТРАДИЦИОНАЛНИ ЈАДЕЊА -ПРИЛЕП- ШИРДЕН Ширденот е надалеку познат прилепски специјалитет со јагнешко, телешко и свинско месо. Ширдените во прилепските ресторани се подготвуваат на специјален начин. Трите видови на месо се сечат на ситни коцки и се запржуваат со кромид и зачини. Наполнетите ширдени се редат во земјена тава и се печат додека не поруменат. Овај специјалитет се служи исклучиво топло и тазе. Гости од сите краишта доаѓаат да го пробаат прилепскиот ширден. ТАВЧЕ-ГРАВЧЕ   Традиционалнo јадење и се подготвува на посебен начин. Се печи во земјена тава во рерна, а специјален вкус му дава сувата црвена пиперка. Ваквото посно јадење често се наоѓа на менито на секоја домашна трпеза. СВЕТИНИКОЛСКИ САРМИ Светиниколски сарми, ситни, колку едно нокте, се традиционално јадење, кое во Прилеп се подготвува за верскиот празник Свети Никола. Прилепските сармички се прават од листови кисела зелка, домашна зимница, во кои се става претходно подготвена смеса од...

СААТ КУЛА-ПРИЛЕП

Slika
СААТ КУЛА -ПРИЛЕП- Саат кулата е изградена во центарот на Старата чаршија во 1858 година на местото на постара дрвена Саат кула, којашто изгорела во пожар што ја зафатил целата Стара чаршија во 1854 година. Ја изградил познатиот прилепски мајстор Петре Лауцо со неговата тајфа. Градена е на шестоаголна основа со масивни делкани камени блокови во  висина од 20,5 м и скелетен систем од дрвена конструкција. Вкупната висина на објектот е 38,76 м. Интересен податок за Саат кулата во Прилеп е тоа што таа има инклинација од 114, 4 см. поради што е во тек изготвување на студија за конструктивна консолидација на нејзиниот надземен дел.

ПРИЛЕП-ИСТОРИЈА

Slika
ПРИЛЕП -ИСТОРИЈА- Праисторија и антички период Градот Прилеп и воопшто населби на подрачјето на поширокиот прилепски регион, датираат уште од антиката, како што е археолошкиот локалитет Стибера, кај селото Чепигово. Во близина на градот, на Марковите Кули се откриени траги од предисториска населба. Во раната антика тука израснала населбата Керамија, обновена во доцната антика, која до крајот на антиката останала селска населба и не прераснала во град и епископија. Средновековна историја Денешната местоположба на градот Прилеп потекнува од раниот среден век, кога Прилеп бил многу важен трговски и воено-стратегиски град. Токму во градот Прилеп, по катастрофалниот пораз на самoиловата војска во Беласичката битка, 1014 година, кога ги видел своите ослепени војници, царот Самиул починал од срцев удар. По смртта на Самуил градот потпаднал под византиска власт, се до распаѓањето на Византија во 1204 год при четвртиот крстоносен поход. Низ XIII век Прилеп преминува постојано ...